Македонија
20. September 2017 - 16:24

Студентите останаа без појадок во студентските мензи

Иако во домот се сметени  стотици студенти, во мензата затекнавме одвај десет млади луѓе кои ручаа.

Никој не сакаше да ни зборува во камера, но кога го исклучивме микрофонот ни се пожалија дека не се задоволни од храната.

За разлика од нив, директорот на Кузман Јосифовски Питу, Атанас Бојчев, ни ја пофали мензата и храната , за која вели дека е многу подобрена. 

Тој ги потврди пишувањата на порталите дека  појадокот се  укинува  , но како што објасни  тоа е направено по детални анализи и анкети со студентите.

Со намалување на бројот на оброците,  треба да се добие на квалитет, посочи директорот.

Исхраната во студентските домови во СКопје, постопјнао е  мета на критики и поплаки. Студентите се жалат на кусокот но  и  на квалитето на храната .

Сега со новите промени тие заиста цена наместо три ке добиваат два оброка.