Студентите на УЈИЕ со писмо до Меркел и Макрон побараа почеток на преговори за членство во ЕУ
Студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа упатија отворено писмо до германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон за да влијаат на позитивниот епилог за отпочнување на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европска Унија. Писмото е придружено со потписи.
-Следејќи ја последнава ситуација во врска со одредувањето на датумот за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ, загрижени сме од епилогот за нашата земја, чија иднина е во клучен момент. Сметаме дека нашата земја напорно работела на исполнување на условите потребни за започнување на преговорите за пристапување во ЕУ и, секако, сме свесни за потребата од понатамошен ангажман, поточно во поглавјата 23 и 24. Меѓутоа, без надзор од официјален Брисел, подобрувањето на ситуацијата во РСМ особено во овие две поглавја е речиси невозможно, стои во писмото напишано на албански, македонски и англиски јазик.
Понатаму студентите сметаат дека лично двајцата државници може да дадат придонес со своите одлуки кон ЕУ интеграцијата на македонското општество.
-Вие сте тие кои можат да влијаат врз зајакнувањето на западните вредности, независноста и ефикасноста на судството и исклучувањето на селективната правда во нашата земја. Вие сте тие кои можат да влијаат на зголемување на вистинските европски вредности во рамките на слободата на медиумите кај нас. Вие сте тие кои можете да создадете стандарди во сите сфери, како што веќе сте ги негувале во системите на вашите држави. Во името на овие стандарди, овозможете ни на нас младите од Република Северна Македонија да станеме дел од заедничкиот дом на Европската Унија, велат студентите од УЈИЕ во писмото.
Студентите ги канат колегите од сите универзитети да се приклучат на иницијативата.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина