Македонија
18. September 2020 - 19:45

Студентите бараат државата да ги покрие трошоците за студирање

Студентите бараат државата да ги субвенционира сите дополнителни трошоци за студирање, а тие да ја плаќаат само партиципацијата. Сметаат дека се преоптоварени со дополнителните трошоци, кои се различни во зависност од факултетот, но достигнуваат и до 100 евра годишно.

Студентите од Економскиот факултет велат дека имаат поддршка и од своите колеги од другите факултети. Се обратиле и до Министерството за образование, но до сега не добиле одговор. Ако институциите продолжат да ги игнорираат не ја исклучуваат можноста да излезат на улица.

Од ресорното министерство, пак, велат дека се во постојана комуникација со студентите. Оттаму потенцираат дека како дел од владините мерки за справување со кризата од 1 октомври студентите ќе добијат финансиска помош од 100 евра за покривање на дел од партиципацијата, или за сместување.