Македонија
11. May 2016 - 14:13

Студенти од штипскиот Правен факултет на обука за истражувачко новинарство

Над 150 студенти од универзитетите „Свети Кирил и Методиј“-Скопје, „Гоце Делчев“-Штип и од тетовскиот универзитет се опфатени во обуките за истражувачко новинарство, кои ги спроведуваат Центарот за промени и Институтот за човекови права, а финансиски е поддржан од ЕУ.

На штипскиот Правен факултет денеска студентите од отсекот новинарство и односи со јавност беа дел од обуките. Мирослав Драганов проект асистен на проектот „Истражувачко новинарство чувар на демократија и човековите права“ потенцира дека студентите кои беа дел од обуките ќе имаат можност да бидат дел од Летната школа по истражувачко новинарство.

- Најдобрите од студентите, односно ќе се бираат најдобрите девет од нив кои под менторство два месеци ќе можат да бидат дел од медиумите кои се наши партнери во проектот и таму да развиваат самите истражувачки стории, кои што на крај ќе бидат наградени најдобрите, вели Драганов.

Тој истакна дека во рамки на обуките опафтен е правниот аспект и слободата на изразување, како се третира од страна на Европскиот суд за човекови права.