Македонија
25. February 2016 - 13:50

Студенти од ДУТ презентираа апликации пред претставници на Google

Државниот универзитет во Тетово во соработка со компанијата Google денеска им овозможи на студентите од овој универзитет да ги претстават своите компјутерски вештини за софтверски апликации примeнливи во секојдневниот живот и образованието во рамките на активноста Хакатон.

Претставувањето на студентските проекти беше пред професорите и претставниците на компанијата Google при што студентите и практично покажуваат како тие функционираат.

– Ова е натпревар на кој студентите ќе можат да ги претстават своите апликации од полето на информатиката. Ова е и голема можност за нив бидејќи тоа може да има влијание и врз нивната понатамошна кариера, рече претставничката од Универзитетот Мерита, Каса Халили.

Претставниците од компанијата Google беа задоволни од проектите на студентите и од нивната мотивираност за практично да го покажат она што го научиле.

– Сметам дека Хакатон е одлична можност за студентите бидејќи им дава можност тоа што го научиле на наставата да го претстават тука. Видовме многу мотивирани студенти и јас со нетрпение очекувам да им ги претсавам можностите на нашата компанија, изјави Маргарет Фортни, од компанијата Google.

Комисијата избра три најдобри апликации, а тројцата студенти што ги изработиле добија бесплатни магистерски студии на ДУТ, како и сертификати и подароци од Google.