Студеното време одзеде најмалку четири жртви во Албанија
Силните студови во последните три дена го одзедоа животот на најмалку четири лица во Албанија, пренесуваат американските медиуми.
Снегот дури денеска престана да паѓа, но во цела земја остануваат ниските температури.
Во градот Голем, на 80 километрти западно од Тирана, почина 52-годишен маж, Во Саранда, на југот од земјата, пак, вчера беше пронајдено мртвото тело на 53-годишен просјак.
Ден претходно, друг 38-годишен бездомник беше најден мртов во пристанишниот град Драч, западно од Тирана., додека еден 62-годишен маж починал откако паднал од покривот на куќата кога се обидел од него да го исчисти мразот.
Повеќе села, главно во северниот и североисточниот дел од земјата, и натаму остануваат изолирани, а во многу места е воведен режим за снабдување со струја и вода, вклучувајќи ја и престолнината Тирана.
Властите одлучија училишните објекти да останат затворени и по зимскиот распуст.
Ново на Сител
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден