Студено со температури под нулата и преку ден и наредната недела
Студено време со утрински температури под нулата и до - 22 степени не очекуваат до наредната недела во четврток.
Според УХМР утре утринската температура ќе се движи од -19 до -8 степени, во недела од -22 до -10, понеделник од -19 до -7, вторник -17 до -7, среда -16 до -5 и во четврток од -13 до -3 степени. Дневните температури до вторник ќе бидат во негатива и ќе се движат утре од -11 до -6, од -11 до -5 во недела, -10 до -3 во понеделник и -7 до -1 во вторник. Во среда максималната температура ќе се движи од -4 до 2 и во четврток од 0 до 6 степени.
Времето во наредните денови ќе биде променливо облачно и многу студено со услови за провејување на локален слаб снег. Утре ќе дува засилен северен ветер.
Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег со послаб интензитет, особено претпладне. Ќе дува засилен северен ветер, поради што е можна појава на снежни навеви. максималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2 степени.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите