Македонија
19. September 2020 - 16:35

Стружани повторно трпат за вода

Во Струга повторно проблеми со водоснабдувањето. Стружани мака мачат со водата за пиење. Граѓаните се жалат на чести проблеми во водоснабдувањето од намален притисок преку денот до целосни прекини кои некогаш траат и со часови.

Тие велат парадоксално е градот на две води да трпи за вода и тоа во време на пандемија  кога ваквата состојба може директно да се одрази врз здравјето. Поплаки има и од дел од угостителите.

Од локалната најавија дека постојано се на терен и бараат начини да го решат овој проблем. Причина за ваквата состојба е слабата издашност на изворите во Шум и Белица од каде градот и околината се снабдуваат со вода.

Екологистите пак во повеќе наврати посочуваа дека покрај слабиот притисок стружани при секој дожд се соочуваат и со неквалитетна односно заматена вода за пиење и бараат итно решавање на овој проблем.