Македонија
11. January 2018 - 16:28

Стружани очекуваат решение на проблемот со водоснабдувањето

Се решава проблемот околу водоснабдувањето во Струга.Граѓаните  повеќе нема да имаат забрана за пиење на водата поради заматеноста при секој дожд .Од МЈП Проаква најавија поголеми градежни зафати на водоводниот систем со што ќе се подобри опфатноста на каптажата кај Шум, а стружани ќе имаат доволно вода за пиење.

Од локалната од Струга уверуваат дека заматеноста на водата која e од технички карактер е санирана,проблемот бил во една од каптажите на изворите.

Инаку надлежните велат дека и состојбата со водонабдувањето во Охрид е под контрола, пред два месеци бил намален капацитетот на издашноста на изворите, но сега со врнежите од дожд ,состојбата е подобрена.