Македонија
10. August 2021 - 21:17

Стружанец тајно снимал девојка, па и се заканувал дека ќе објави нејзини фотографии ако не му даде пари

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.К.(36) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена". Во јуни 2020 година во Охрид пријавениот се запознал со М.Р., по што интензивно комуницирале на пријателска база и тој цело време тајно ја фотографирал и ги снимал сите меѓусебни телефонски разговори.

„Откако таа му укажала дека помеѓу нив има само пријателство, тој започнал да ја уценува и ѝ се заканувал дека ќе објави нејзини фотографии со компромитирачка содржина доколку не му даде пари со цел да ги наруши нејзините чест и углед“, информираат од МВР.