Струшките училишта добија струја, учениците на редовна настава
Учениците во струшките основни училишта од денеска се враќаат на редовна настава, откако ЕВН им ја приклучи електричната енергија, по постигнатиот договор со оштината за плаќање на заостанатите сметки на рати.
Директорот на општинското основно училиште „Јосип Броз Тито“ Тони Савевски информира дека претпладнево добиле струја и имаат редовна настава.
- Пред еден час ни е приклучена струјата и втората смена нормално ќе функционира од денеска. Дел од деновите во кои е пропуштена наставата ќе се обработува во саботи, изјави Савевски.
Раководителот на секторот за образование во општина Струга Сурија Рушити информира дека со ЕВН вчера потпишале допговор, долгот од ноември минатата година заклучно со август годинава да го плаќаат на рати.
Поголем дел од струшките основни училишта од почетокот на учебната година немаа електрична енергија поради неплатени сметки, поради што неколку дена ја бојкотираа наставата. Со ваков проблем се соочуваа и минатата година кога општината го презема плаќањето на долгот за струја од околу 6.300.000 денари заклучно со ноември. Според договорот, долгот се плаќаше на рати, но не се плаќале тековните сметки поради што ЕВН повторно ја исклучи струјата.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата