Македонија
25. May 2018 - 16:28

Струшките советници изгласаа забарана за користење на педалини поради големиот број смртни случаи

На струшкото крајбрежје повеќе нема да има педалинки .Овие опасни реквизити за забава на вода кои масовно се изнајмуваа и речиси секојдневно ја загрозуваа безбедноста на капачите заминуваат во историјата. Струшките советници на последната седница едногласно ја изгласаа одлуката за забрана.Градоначалникот Мерко вели дека години наназад најголем број жртви во водите на езерото се млади кои ги користеле педалинките.

Струшките советници предлагаат и останатите пловни објекти како што се скутерите да се забранат бидејќи секое лето дивеат покрај плажите .Од Капетанија на пристаништата пак велат дека во пресрет на сезоната ќе се става ред во водниот сообраќај .

Од Црвениот крст сметаат дека доколку не може да се изнајде начин педалинките да се стават  во законска рамка со која ќе е регулирано како ќе се користат секоја забрана е дискутабилна и создава одредени ограничувања но во секој случај е добро истата да се почитува.

Инаку изминативе години спасителите на вода најчесто интервенираа на давеници од педалинки кои за жал некои завршија и фатално.