Македонија
3. January 2019 - 13:08

Струшки комуналец ги чисти улиците од снег

Екипите на јавното претпријатие „Комунално“ ноќеска и денеска го расчистуваат снегот од кејот, улиците и тротоеарите во Струга.

За безбедно движење на пешаците, од претпријатието посочуваат дека било извршено посолување на пешачките патеки, тротоарите и кејот.

-Активностите на екипите на ЈП „Комунално“ – Струга ќе продолжат и во текот на вечерните часови со сета расположива механизација и човечки ресурси, информираат од претпријатието.