Бизнис
15. November 2016 - 20:46

Струмичките земјоделци добиле околу 40 милиони евра субвенции изминативе 10 години

За десет години за субвенции во земјоделството само во струмичкиот регион  биле исплатени околу 40 милиони евра. Станува збор за средства од буџетот на Република Македонија доделени како директна поддршка за развој и унапредување на земјоделието. Дополнително,  преку владината програма за рурален развој исплатени се средства и за инфраструктурни проекти со цел подобрување на стандардот на земјоделците во регионот. Заменик министерот за земјоделие Ванчо Костадиновски информираше дека само за општина Струмица  преку огласите кои ги имао бјавено  платежната агенција од 2009 па се до последниот во  2015 година биле реализирани  проекти во вкупна вредност од 25 милиони денари.

-Само за инфраструктурни проекти како што се уредувањето на парковите во село Просениково, во село Муртино, во Куклиш, село Свидовица и село Костурино, ова се дел на проекти наменети за уредување на парковите во вкупна вредност од4,5 милиони денари и сеуште е оваа реализација во тек. Овие се средства од буџетот на Република Македонија кои што владата преку програмата за рурален развој ги операционализираше преку платежната агенција, вели Ванчо Костадиновски – заменик министер за земјоделие

Костадиновски информираше дека голема сума средства биле обезедени и за разни инвестициски мерки кои се однесуваат на програмата за рурален развој, а наменети за земјоделците од  струмичкиот регион. За сите овие мерки, но и за евентуалните проблеми со кои се соочуваат земјоделците од регионот  деновиве ќе имаат можност да се информираат  и  да најдат решение на директни средби со претставниците од надлежните институции кои од Струмица го започнаа новиот цеклус на отоврен денови со граѓаните.