Македонија
20. May 2022 - 12:23

Струмичкиот микро регион доби стратегија за развој на био економијата

Струмичкиот микро регион доби стратегија за развој на био економијата. 

Документот претставува еден вид патоказ кој дава насоки како отпадот со биолошко потекло наместо да завршува на депониите да се искористи како  суровина за производство на био базирани производи. 

Реализацијата на проектот доаѓа како резултат на големиот потенцијал што го има регионот, пред се поради големата количина на растителните остатоци што ги продуцира земјоделскиот сектор.

За голем број европски држави био економијата не е ништо ново, а дел од позитивните практики што ги применуваат и добиените производи може да се најдат и во широката потрошувачка. 

Истражувањата покажале дека био отпадот во струмичко е добра основа за производство на неколку различни производи.

Патоказот за развој на био економијата во струмичкиот регион е дел од проектот „Be RURAL“ кој се реализира во уште пет европски држави меѓу кои Германија, Полска Латвија, Романија и Бугарија. Проектот е финансиран од ЕУ.