Струмички „Комуналец“ апелира кабастиот отпад и шутот да не се оставаат на јавни површини
ЈПКД „Комуналец“ од Струмица повторно апелира до граѓаните да не оставаат кабаст отпад (мебел, стара електрична и електронска опрема) и градежeн шут во и покрај контејнерите и корпите за отпад.
Апелот е упатен откако изминативе денови на повеќе места е забележано како неодговорни граѓани фрлаат градежен шут дури во непосредна близина на прометни сообраќајници.
-Ваквото несовесно оставање на кабастиот отпад и градежниот шут е забрането со Законот за јавна чистота и подлежи на парични казни и санкции. Садовите за отпад што се поставени на јавни површини не се наменети за ваков тип отпад, туку за собирање на комуналниот отпад од индивидуалните и колективните домаќинства, апелираат од струмичкото комунално претријатие.
Додаваат дека според Законот за јавна чистота, не е дозволено ниту градежниот шут што настанува при градење или реновирање на домовите, граѓаните да го исфрлаат во садовите за отпад.
Покрај акциите што се организираат за чистење во општина Струмица, ЈПКД „Комуналец“ ги потсетува граѓаните доколку имаат потреба транспортот на нивниот кабаст отпад и градежен шут може да се изврши со специјалните возила на претпријатието, а оваа услуга може да ја побараат на телефонскиот број 034 325 909.
Ново на Сител
-
Обвинувања за криминал со превозот на ученици во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема полициска акција - Приведени 23 лица поврзани со криминали во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и Неготино
-
Мицкоски: Уште многу криминали ќе бидат обелоденети во следниот период
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Јове Кекеновски