Македонија
14. January 2020 - 16:42

Струмичани можат да се поклонат на моштите на Свети Василиј Велики

Во чест на големиот христијански празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики струмичката епархија и оваа година ги изнесе моштите на големиот светец за поклонение.

Црквата Свети Кирил и Методиј во која традиционално се изнесуваат останките на Свети Василиј беше претесна да ги собере големиот број верници кои дојдоа да  присуствуваа на литургиите, но и да се поклонат пред моштите  на светецот.

Струмичката епархија е единствена во државата поседува мошти од овој голем светец. Според кажувањата на постарите свештеници ова духовно богатство тука пристигнало на чудесен начин.

Во приодот помеѓу 1913 и 1914 година нив ги донел војник кој во тоа време бил на служба во Кападокија.

Скоро половина век, се до 1958 година  ретко кој знаел дека постојат. Тие цело време биле грижливо чувани во црквата. Одлуката да бидат изнесувани пред верниците е донесена по доаѓањето на владиката Наум на чело на епархијата.

Со негов благослов повеќе од 20 години на празникот на Свети Василиј верниците имаат можност да се поклонат и помолат пред светите мошти на столбот на светото православие.