Македонија
10. February 2017 - 18:01

Струмичани доставиле 70 пријави за штети од јануарските снежни врнежи

Седумдесет жители на општина Струмица поднесле барање за претрпени штети од снежните врнежи во јануари до комисијата за утврдување и проценка на штети од природни непогоди при Советот на општина Струмица.

Најголем дел од пријавите, односно, 52 се од населеното место Куклиш, а останатите од други населени места.

Според Ацо Ѓоргиев претседател на Комисијата, увидот на терен се уште трае, а по неговото целосно завршување ќе се прават пресметките и извештајот ќе биде доставен до Советот на општина Струмица.

По усвојувањето од Советот, извештајот за проценетата штета ќе биде доставен до Републичката комисија за процена на штети, а потоа до Владата на Република Македонија која ќе донесе конечна одлука, дали ќе има и во колкав процент ќе биде обештетувањето.