Македонија
1. October 2021 - 11:07

Струмичанец прегазил малолетник во Кавадарци па избегал

Вчера во 14.11 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Шишка“ во Кавадарци, патничко возило „југо“, со демиркаписки регистарски ознаки, удрило во малолетен пешак од Кавадарци, по што го напуштил местото, соопштија од МВР.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци.

По преземени мерки од полициски службеници е утврдено дека возилото го управувал А.К.(27) од Струмица, со престој во Кавадарци.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци, а во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.