Македонија
17. March 2016 - 12:42

Струмичанец ја кршел од ќотек 17-годишната сопруга

СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.С. (20) од с.Сушица, општина Ново Село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 27.02.2016 година во семејниот дом во с.Сушица пријваниот започнал вербална расправија , а потоа и физички ја нападнал својата седумнаесетгодишна сопруга. Истиот ја удирал по главата и телото нанесувајќи и телесни повреди во пределот на вратот и левото око. 
 
Оштетената во текот на месец февруари неколку пати била малтретирана и бркана од домот.