Македонија
5. November 2015 - 14:32

Струмичанец доби кривична пријава - Крадел електрична енергија

СВР-Струмица поднесе кривична пријава против И.Р.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија“.

На 9 септември годинава вработени во ЕВН Македонија-КЕЦ Струмица  при вршење редовна техничка контрола во куќата на пријавениот констатирале дека неовластено користи електрична енергија. Вградил мерна опрема кој не е одобрена-вградена од ЕВН-Македонија при што е причинета материјална штета од 25.523 денари.