Македонија
21. September 2020 - 13:43

Струмица: Триесетина луѓе го украле телото на починат кој бил тестиран за Ковид-19

Група на околу триесетина луѓе утрово ја скршиле вратата на инфективното одделение во болницата во Струмуица и го земале телото на починат пациент кој бил тестиран за коронавирус, пишува Фокус.

Пациентот бил примен утрово како сомнителен случај на Ковид-19, веднаш му бил земен брис, но во меѓувреме неговата состојба се влошила и починал.

Резултатите од неговиот тест се уште не се готови.