Loading Video...
Спорт плус
28. April 2018 - 16:30

Струмица повторно победник во Купот на Македонија

Екипата на Струмица го одбрани трофејот во одбојкарскиот Куп на Македонија. 
 
Струмичани до својот вкупно петти трофеј во ова натпреварување во после3дните седум сезони стигна во интересен меч со екипата на Весна Пробиштип во кој беа одиграни максимални пет сета (3:2). 
 
На завршницата која се одржа во Пробиштип, домаќините го добија првиот сет со 25-15, но во следните два струмичани беа подобри со 25-20 и 25-17. Екипата на Весна се врати во игра добивачки го следниот (четврти) сет со 25-21, но немаше сила да направи и комплетен пресврт, па последниот Струмица го доби со 15-11, за конечни 3:2 во сетови.