Македонија
19. May 2019 - 13:48

Струмица: Излетал од патот и удрил во дрво, починал на лице место

Тешка несреќа ја потресе Македонија кога во 10.40 часот на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „НовоСело“, помеѓу селата Дабиле и Босилово, патничко возило „Фиат Браво“ со струмички регистарски ознаки излетало и се забило во дрво.

МВР информира дека  возилото било управувано од 61-годишниот И.Г. од  Босилово кој излетало од патот и удрило во дрво и за жал починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица.