„Струмица гас“: Завршивме уште една гасоводна мрежа
Јавното претпријатие „Струмица гас“ денеска соопшти дека комплетно ја завршила гасоводната мрежа на дел од улиците „Младинска“ и „Ѓорги Трајковски“, како и целата „Мануш Турновски“ во должина од 500 метри.
- Во моментов се врши тестирањето на мрежата согласно законските прописи на Република Македонија. Него го вршат инжинери од Машинскиот факултет и Државниот инспекторат. Еден час мрежата се тестира на притисок од шест бара, потоа 24 часа под притисок од четири бара, по што очекувам ако е се во ред, мрежата да биде вклучена на гасоводот, истакна директорот на „Струмица гас“, Зоран Китанов.
Тој најави дека по празниците ќе почне изградба на нова мрежа на улицата „Иљо Шопов“ поради големиот интерес на тамошните жители. Очекуваат до крајот на годината да ги завршат сите планирани активности.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи