Македонија
20. July 2020 - 16:22

„Струмица гас“ ја намали цената на гасот

Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица гас„ денеска објави дека е намалена цената за 3,2 денари за потрошен кубен метар, односно сега новата цена изнесува 31,176 денари, а претходно потрошувачите плаќаа 34,956 денари.

Според директорот Благој Милановиќ, намалувањето на цената се должи на промената на цената на природниот гас на пазарите.

-Ова намалување ќе значи многу за нашите корисници, пред се за големите потрошувачи, како што се стопански субјекти, кои го користат гасот во текот на целата година, а секако и за домаќинствата. Новата цена ќе се применува од 1 август и ќе важи до следното коригирање на цената, рече Милановиќ.

Од март годинава, од завршувањето на грејната сезона, цената на гасот е намалена за десет денари и од 41 денари цената падна на 31 денари за потрошен кубен метар.