Македонија
14. September 2021 - 12:38

Струмица бележи зголемен број на смртни случаи од Ковид-19

Големиот број на претходни здравствени проблеми и ненавременото јавување на лекар се едни од главните причини за тешката клиничка слика кај дел од пациентите во струмичката болница. Последните шест дена овде беа регистрирани и 12 смртни случаи. Според директорката на болницата сите починати пациенти биле и со голем број сериозни  коморбидитети.

Во моментов во струмичката болница се лекуваат 77 пациенти позитивни на корона вирус. Триесет од нив се на болничко лекување, додека останатите 47 примаат терапија во дневната амбуланта.Од сите нив вакцинирани биле само 13 лица. Во споредба со минатата недела бројот на нови пациенти има тенденција на благо опаѓање. Но. за да продолжи овој тренд според директорката на болницата во Струмица неопходна е масовна имунизација и максимално почитување на пропишаните мерки.

За разлика од претходните бранови кога најголемиот број беа повозрасни пациентите што  имаа потреба од болничко лекување, овој пат меѓу  хоспитализираните има од сите возрасни групи.