Македонија
27. July 2017 - 16:29

Струга повторно се разбуди во облаци од чад, Министерството не очекува брзо решение

Стружани повторно се разбудија во чад кој доаѓа од градската депонија. Овие слики кои до Сител ги испратија граѓани на Струга а ги направиле утринава во 5 часот, покажуваат дека општината повторно се гуши во отровен дим со неподнослива миризба а се жалат дека истиот предизвикува печење на грлото и очите.

Изминатите неколку денови, струшката депонија е повторно активна. Гори комуналниот смет.

Локалните власти велат дека по неколкудневниот пожар, денеска на депонијата нема пламен ама од неа сеуште се издига чад. Во телефонски разговор за Сител, Градоначалникот на Струга Мустафа Забзун вели дека градежна механизација работи на затрупување со земја на опожарените делови со што ќе се стопира и ширењето на чадот,.

Надлежните државни институции не откриваат како ќе се справат со депонијата во Стуга.. Министерот за `животна средина и просторно планирање, Садула Дураку наместо решение понуди оправдување.. Проблемот со депонијата е деценски и невозможно е брзо решение вели ресорниот министер..

Проблемот со депонијата во Струга се провлекува повеќе години. Изминатиот период и неколкупати беше во пламен а чадот целосно го покриваше градот.. Депонијата се наоѓа на само половина километар од првите куќи и се простира на површина од два хектари а во неа е складиран комунален отпад во висина од 13 метри.