Македонија
3. October 2018 - 17:43

Стручните лица посочуваат на одговорност и кај надлежните во училиштето и кај родителите

Како во установа која освен воспитно - образовна, треба да има и заштитна функција, се случуваат игри кои можат да влијаат врз безбедноста на учениците? Кој ја сноси најголемата одговорност и како да се спречат овие појави?

Стручните лица сметаат дека во спречувањето на непосакуваното и агресивно однесување во училиштата прв фактор се родителите, а потоа самите образовни институции, кои се повеќе го запоставуваат воспитниот, на сметка на образовниот фактор. Социолозите сметаат дека одговорните лица треба да знаат што им се случува во училиштата.

Темпото и брзиот начин на живот, трката по пари е причина родителите да ја намалат посветеноста и квалитетното време минато со своите деца. Променети се и моралните и социокултурните норми, што остава негативни последици кај младите.

Дополнителен проблем се самите медиуми, односно содржината на која се изложени децата. Преку интернетот тие се изложени на секакви агресивни содржини, па затоа се упатува апел до родителите да се внимава што гледаат младите.

Експертите се согласни дека темелот на воспитувањето доаѓа од домот, а образовните институции треба да се надоградат во градењто на морално здрави личносто. Во спротивно, велат, ни претат изгубени генерации кои ќе сметаат дека вербалното и физичкото насилство е нормална вредност.