Бизнис
18. January 2019 - 17:16

Строго контролирање на сопственичката структура неопходно за аплицирање за грант од ФИТР

Фондот за иновации ќе дели пари за отворање на нови фирми преку строго контролирање на сопственичката структура. Целта е државните средства да не завршуваат кај компании на јавни функционери или нивни блиски роднини. Ваквата потврда беше и еден од неопходните документи за аплицирање и на последниот повик за отворање на нови мали и микро компании финансиран од Фондот и Светска Банка.

На последниот повик аплицирале 186 компании. Десподовски вели дека интересот за отворање сопствен бизнис е огромен особено кај младите, а со тоа е постигната и целта, младите лица да останат и да работат во Македонија.  

- Со овие компании ќе се отворат над 400 нови работни места со просечна плата поголема од 30 000 денари.

Точната бројка на компании кои ќе добијат грант за отворање на сопстрвен бизнис ќе се знае до крајот на следниот месец. Предселекцијата на апликанти ќе ја вршат надворешни експерти, а конечната селекција ќе ја спроведува Комитетот за одобување инвестии на Фондот, независен орган составен од странски лица именувани од Владата.