Балкан
14. December 2020 - 17:01

Строгите мерки на хрватските граници продолжени до 15 јануари

– Хрватска денеска ги продолжи строгите мерки на границите, кои, поради епидемиолошката состојба ќе важат уште еден месец  – до 15 јануари.

Според Националниот штаб за цивилна заштита, согласно овие мерки, граѓаните на ЕУ можат да влезат во Хрватска само со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа, или мора да одат во самоизолација се додека не добијат негативен тест.

Исклучок се луѓето во транзит, прекуграничните работници, дипломатите и здравствените работници.

Обврската за ПЦР-тест или самоизолација важи и за сите хрватски граѓани надвор од Хрватска кои би сакале да ги поминат празниците во својата татковина.