Строг карантин во Сиднеј поради зголемен број на заразени со делта сојот на Ковид-19
Центарот на Сиднеј и некои од предградијата од денеска на полноќ влегуваат во еднонеделен строг карантин, додека властите се борат да го задржат под контрола новиот бран на многу заразната делта мутација на коронавирусот.
– На луѓето кои живеат или кои поради работа престојувале во четири делови од Сиднеј во последните две недели, им е наложено да останат дома, освен поради итни причини, изјави премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан.
Таа објасни дека на граѓаните им е дозволено да ги напуштат своите домови само поради основни работи или образование, медицински причини, снабдување со намирници или вежбање на отворено.
– Не сакаме оваа состојба да трае со недели, сакаме да заврши колку е можно побрзо, истакна Береџиклиан.
Властите во Нов Јужен Велс воведоа претходно задолжително носење на маски во сите затворени простори во Сиднеј, вклучително и канцеларии, им забранија на жителите на седум населби да го напуштаат градот и ги ограничија домашни собири на пет лица, со цел да се спречи новиот бран на инфекции.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд, грмежи и ветер
-
ПП-Демократска Бугарија го доби мандатот за формирање влада и веднаш го врати нереализиран
-
Пожар на дел од куќа во Кавадарци
-
Еден отстранет и дисциплинска за петмина полицајци за инцидентот пред тетовската болница
-
Пронајдено двегодишно девојче кое исчезна во Сиднеј
-
Им дал 800 евра а за возврат му ветиле дијаманти, измамен кумановец во Скопје
-
Избоден маж на Бит Пазар поради недоразбирање во сообраќајот