Кошарка
17. March 2016 - 9:29

Стразбур и Гран Канарија со предност по првите четвртфинални дуели во Еврокупот

 Во кошаркарскиот Еврокуп синоќа се одиграа два натпревара од четвртфиналната фаза по кои предност остварија гостинските екипи Стразбур и Гран Канарија.
 
Стразбур беше поуспешен од Нижњи Новгород со 94:85, додека Гран Канарија ја совлада Зелена Гора со 93:82.
 
Претходно двоцифрена предност пред реваншите си обезбедија Баерн Минхен и Тренто.
 
Баерн Минхен на домашен терен го совлада Галатасарај со 99:89, а Тренто во италијанската пресметка беше поуспешен од Армани Милано со 83:73.
 
Реваншите се играат на 22 и 23 март.