Бизнис
26. October 2017 - 19:45

Стравот од неуспех ги одвраќа младите од идејата за сопствен бизнис

Мала искористеност на  парите од фондот за иновации. За период од две години од 9,5 милиони евра за иновативни проекти искористени се само 9 отсто  или  близу еден милион евра. Финансирани  се 20 мали проекти кои се главно во Ит индустријата. Причината за слабиот интерес од фондот ја лоцираат  во недоволната информираност и стравот од неуспех  во реализацијата на бизнис идејата.

Оние кои веќе инвестирале во иновативни проекти со овие пари велат дека за да се подобри состојбата со иновациите во Македонија треба прво да се почне со промени во образованието.

Парите од Светсква банка фондот треба да ги потроши до 2019. Во спротивно ќе треба да се бара пролонгирање на рокот што според фондот таквиот потег би остави лоша слика за државата.