СТРАВ ОД ЉУБОВТА

Романтична есен со италијанската викенд сага, снимана во Торино, Белград и Црна Гора.

Серијата го следи Стефано Лои, славниот претседател на фармацевтска империја што ја наследил од својот татко. Животот на Стефано изгледа скоро совршен, но една ноќ ќе ги промени нештата засекогаш. По смртта на неговата сопруга во трагична сообраќајна несреќа, тој се повлекува во себе, неговиот однос со децата се влошува и тој само чувствува голем страв повторно да верува во љубовта.
Животот на семејството Лои се менува кога  убава студентка по медицина влегува во нивното семејство. Децата добиваат љубов од неа и ја препознаваат искрената емоција што татко им не можел да ја искаже. А таткото сега ќе мора да го надмине стравот од љубовта за да може да ја доживее својата, но и среќата на своите деца.