Балкан
27. јуни 2016 - 16:16

Страв и ужас: Поранешна славна кошаркарка ја избодела својата болна мајка, па потоа и себеси

Познатата поранешна кошарка Смиља Раденовиќ, која сега има 49 години, во состојба на психичко растројство, ја избодела својата наподвижна мајка, 75 годишната Зорица, па пробала да се самоубие. 

Крвава семејна драма се случила во населбата Старчевица во Бања Лука. Откако ја избодела мајка и Смиља 6 пати се избодела самата во вратот и во градниот кош. Трагедијата ја спречил братот на Смиља кој живее заедно со нив.

Откако била згрижена во хирушката амбуланта, преместена е на психијатрија, каде е задржана на лечење.

Станарите од зградата се во шок, сите за овие семејство имаат само пофални зворови, а првенствено за Смиља.

Еден од станарите наведува дека во зградат на скалите имало крв, а дека не се тоа претходел еден приговор на мајката.

Инаку, Симиља Раденовиќ долги години играше кошарка, а најголем успех и кога во 1989 со екипата на Јединство од Тузла, ја освои титулата првак на Европа.

Освен тоа играла и во репрезентацијата на Југославија, а после активната кариера работела и во неколку кошаркарски клубови.