Балкан
25. March 2018 - 13:16

Страв и ужас: Го изгазил пекарот и побегнал, потоа додека девојката трчала да му помогне, уште еден автомобил поминал преку него

Никола Д. (23) од село Обреж загина во сообраќајна несреќа која се случи во селото Купиново кај Пеќинци.

Според неофицијалните информации, непознат возач налетал на момчето со автомобил, го усмртил и побегнал.

Несреќата се случила во петокот вечерта во 21 часот.

-Никола одел по работ на улицата кога на него налетал автомобил. Од силината на повредите веднаш починал, а девојката која се наоѓала неколку метри подолу викнала полиција и лекари. Меѓутоа, додека и таа се движела кон него, наишло друго возило кое поминало преку несреќното момче. Итната помош стигна само за да констатира смрт. Полицијата изврши увид, се утврдуваат сите околности и уште се трага по несовесниот возач, велат од истрагата.

Мештаните на Купиново од оваа улица велат дека се потресени од смртта на момчето.

-Никола родум е од Обреж, каде живееше со таткото и мајката, а со години работеше во Купиново. Колку што знаеме, привремено работеше во една пекара. Таа вечер наводно тргнал на работа. Голема трагедија, беше добро и вредно момче, велат мештаните.

Точниот датум за погребот на момчето се уште не е соопштен, додека семејството не го преземе телото после обдукцијата.