Македонија
3. March 2017 - 11:36

Страв и паника во Хиподром: Фрлена бомба кашикара

Неексплодирана рачна бомба, наводно, е пронајдена во двор во скопската населба Хиподром.

Неофицијално, во 10.20 часот домаќините пријавиле во полиција дека пронашле кашикара пред вратата на гаражата во својот дом. 

На терен се полициски екипи кои работат на нејзино деактивирање и отстранување.

Од МВР се уште нема официјални информации.