-->
-->
Стратегиски разговори за унапредување на соработката во одбраната меѓу Македонија и Франција
-->
Унапредувањето на соработката со генералната Дирекцијата за меѓународна соработка и стратегија при Министерството за одбрана на Република Франција е од исклучително значење за Република Македонија на патот кон НАТО, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата со директорот на Дирекцијата, Оливие Ланду.
Како што соопштија од Министерството за одбрана, Шекеринска ги запознала експертите од Франција со актуелните активности на Владата како и Министерството за одбрана за реиницирање на реформскиот процес во насока на постигнување на стратегиската цел на Република Македонија – членството во НАТО.
Средбата, на која присуствувал и амбасадорот на Република Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, произлегува од планот за билатерална соработка со Франција со цел одбранбените експерти од двете држави да разменат мислења за повеќе стратегиски прашања, како и да се отворат можности за продлабочување на соработката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот