Свет
19. August 2016 - 9:54

Стратегијата на Трамп за борба со тероризмот

Волстрит џорнал - Њујорк

Доналд Трамп повторно се врати на овие прашања во понеделникот, и овојпат ја објасни својата стратегија за борба со радикалниот ислам. Како што е вообичаено, таа вклучуваше некои добри и некои лоши идеи, но ако имаме ксмет, тој ќе се придржува кон таа тема доволно долго за да ја натера Хилари Клинтон да размислува за нешто поинакво од неговио темперамент.

Анкетите покажуваат дека Трамп се уште има блага предност над демократката во однос на борбата против тероризмот, до голема мера благодарение на политиката на претседателот Обама во неговото осумгодишно управување. Исламска држава изникна во вакуумот кој настапи како резултат на американското повлекување од Ирак и во Сирија, а нејзиниот отров се шири низ светот. Клинтон вети дека ќе ја продолжи стратегијата на Обама, а тоа претставува комотна можност за републиканецот.

- Неуспехот за утврдување на нов договор за статусот на силите во Ирак и притиснатата од изборите слика за повлекувањето ги предадоа нашите постигнувања во таа земја и директно доведоа до подемот на ИД, рече Трамп додека читаше од подготвен текст во Јангстаун, Охајо. Тоа е сосема точно, иако тој требаше да ја додаде и одлуката на Обама да ја остави сириската граѓанска војна да се развиори надвор од контрола.

Но Трамп понекогаш вели и дека САД би требало да се вмешаат во граѓанската војна во Сирија, затоа што тоа претставува „градење на држава“ кое Трамп повторно вети дека ќе го сопре. Тоа е добар обид деновиве за добивање пофалби и од десно и од лево, но создавањето на безбедносни зони во Сирија, така што милиони бегалци да не ја заплиснуваат Турција, Јордан и Европа е далеку од државно градење. САД го направија тоа за курдите по првата војна во Заливот, а курдската територија во Ирак е редок пример за американски успех на Блискиот исток.

Ако Обама оставеше 10.000 американски војници во Ирак по 2011 година, критичарите ќе можеа и тоа да го наречат градење на држава. Но тоа ќе го сопреше подемот на Исламска држава и ќе ја наметнеше неопходноста денес повторно да водиме војна во Ирак. Карикатурата која беше претставена од Трамп за изградба на држава е поблиску до погледот на Барак Обама отколку што тој би сакал да признае.

Подобрата вест е дека Трамп изгледа почнува да ја прифаќа идејата дека САД имаат потреба од коалиции за да биде победен радикалниот ислам. Најзабележително беше тоа што во неговиот говор тој ја смени својата позиција за НАТО, и ја пофали улогата на организацијата во борбата против терорзмот. Исто така повика за „меѓународна конференција“ за борба со радикалниот ислам, и ги посочи директно Израел, Египет и Јордан како сојузници во борбата.

Трамп се уште изгледа наивен кога очекува рускиот претседател Владимир Путин да помогне во тие напори, но истото се однесуваше и на Обама и Клинтон во 2009 година. Трамп, изгледа не забележува дека неодамна Обама се согласи да бидат споделени разузнавачки информации со Русија во Сирија, и покрај гласните негодувања од Пентагон. Републиканскиот кандидиат можеби треба да научи на потежок начин, дека Путин е суров човек кој реагира единствено на логиката на суровите геополитички факти.

Подобро прифатливо е ветувањето на Трамп да води „идеолошка војна“ со Исламска држава, подобро на начин на кој Роналд Реган ја кажа вистината за „империјата на злото“ за време на Студената војна. Тој рече дека тоа значи да зборува отворено „против притисоците врз жените, хомосексуалците и луѓето со различна вера“ во муслиманскиот свет.

Најверојатно најискрено беше неговото ветување дека „нашата влада ќе биде пријател со сите умерени муслимански реформатори на Блискиот исток и веројатно ќе ги поддржи нивните барања“. Тоа може да изгледа очигледно, но Обама претпочита да ги омаловажува поделбите во исламскиот свет, за да не ги навреди муслиманските лидери кои се на врвот во Турција и Иран. Исламска држава треба да биде победена на бојното поле, но не е добро да се гледа дека Трамп ја признава неопходноста Западот да ја добие и битката на идеите.

Но по таа точка тоа е во најголема противречност со својата стратегија, и предлага целосна забрана за емигранти од земји „кои се познати како извозници на тероризмот“. Трамп го нарекува тоа „привремено“ сопирање, додека бидат воведени нови процедури за проверка. Но тоа не разјаснува кога и како може да биде укината таа забранау една проверка не е непогрешна, а ветувањата за лојалност илли други идеолошки проверки можат да бидат надитрени.

Целосна забрана за емигарцијата може да биде сметана и за антимуслиманска од истите сојузници од кои Трамп вели дека имаме потреба за да ја победиме Исламска држава. Се претпоставува дека таа исто така ќе се однесува за коптските хритијани во Египет или Сирија, ирачките преведувачи кои им помагаа на американските војски, и веројатно дури и за израелците затоа што некои израелски арапи практикуваат тероризам. Трамп е во право дека Обама не се зафати со радикалниот ислам, но републиканецот не треба ги смета сите бегалци како можна закана за безбедноста.

Најдобрата порака од неговиот говор дека тоа значи дека може да имаме дебати за националната безбедност во ова изорна година. Кампањата на Клинтон се надева дека ќе го дисквалификува Трамп како потенцијален претседател, без да и се наметне да се судри со тие прашања или со нејзиното работење како државе секретар. Трамп се соочува со тешкотии да се придржува кон ветеното, но американското општество има потреба да слушне такви дебати.