Македонија
5. February 2018 - 16:18

Стратегија на ЕК за Западен Балкан - Македонија и Албанија да почнат преговори за членство во 2019.

Во стратегијата за проширување која утре ќе биде објавена во Брисел, 2019 та се наведува како година во која Македонија и Албанија би требале да ги  започнат претпристапните преговори со Унијата. 

Во истата година би бил постигнат и договорот мегу Приштина и Белград, по што Косово би добила статус земја кандидат.

Како временската  рамка за влез на Црна Гора и Србија  во Унијата е наведена 2025 –та година.

Вицепремиерот Османи, кој денеска се координираше со амбасадорите на земјите од Западен Балкан,  е оптимист дека и Македонија би можела да го фати овој рок, ако ги исполни  сите обврски зададени од Брисел.

Сепак во стратегијата се предупредува дека таканаречените локални спорови би можеле  да  застанат на пат на евроинтегративните процеси на земјите на Западен Балкан.

Во случајот на Македонија тоа би бил спорот со името, а за Србија договорот со Косово,.