Македонија
29. October 2019 - 16:57

Стратегии и планови против аерозагадувањето има, но македонските градови и натаму меѓу најзагадените во светот

Малку пари во буџетот се издвоени за аерозагадување сметаат еко здруженијата. Загадувачите им се познати на сите но казни нема порачаа од Зелениот институт.  За да бидат видливи резултатите потребни се дежурни тимови на терен, инспектори за викенд, правилно насочување на средствата и нови правилници. Од Зелениот институт кои беа дел од тимот здруженија кои најавија тужба до државата, не очекуваат резултат бидејќи сметаат дека е тешко да се докаже во оваа држава.

-За да видиме конретни рез треба да видиме поголеми буџети и казни за загадувачите  Во изминатиот период имавме одлична соработка на општинско ниво , од исто значење им е каков воздух дишеме.. ова зимо ќе имаме поголем резултат. За кратко време ќе мора нешто да се промени ако не сакаме да се угушиме, изјави Наташа Амдију Зелен инситут

Владата како никогаш до сега преземала мерки  и вложувала средства против аерозагадувањето тврди премиерот. На владина седница најави дека  ќе разговараат за новата  иницијатива на министерот за животна средина, кој предложил инспекторите и полицијата заедно да ги ловат загадувачите на терен.  

- Отпочнавме многу сериозни проекти, сериозни пари се инвестираат во промена на системите за затоплување во болници, градинки, училишта. Сите алатки од 1 200 000 евра од годишната програма за борба против загадувањето на воздухот. 10 мил з аинвертори. Директни вложувањаз во јавниот превоз , директен мониторигн на индустриските капацитети. --- секој слободен ресурс го вложуваме за промена на системите за греење. Не може да се реши загадувањето за две три години, но еве ние со конкретни мерки се бориме го правиме тоа што цел свет го прави, изјави Зоран Заев 

ДО крајот на неделава министерството за економија ќе распише оглас за субвенционирање плински уреди во автомобилите.

Со првиот  пад на температурите македонските градови веднаш  се најдоа на врвот од  листата со најзагаден воздух во светот. Експертите но и невладините предупредија граѓаните се потешко ќе дишат доколку надлежните не почнат сериозно да делуваат.