Свет
21. March 2019 - 18:59

Страшно: Се преврте траект, реката ги однесе луѓето - над 85 загинати во несреќа во Ирак

Најмалку 85 лица загинаа во Ирак кога се превртел траект на реката Тигар.

Како што се наведува, на бродот имало премногу луѓе, а за несреќата придонел и високиот водостој на реката.

На траектот имало многу жени и деца, а околу 30 лица се спасени.

Спасувачката операција се уште е во тек, а инцидентот се случил во близина на Мосул.