Балкан
27. July 2017 - 21:04

Страшно невреме го потопи Истанбул: Стихијата носеше возила, кран експлодираше, аеродромот затворен

Во силно невреме проследено со силен дожд, кој денеска попладне го погоди Инстанбул, повредени се најмалку две лица, а водата на улиците доведе до прекин на градскиот сообраќај и прекин на летовите на аеродром.

Водената стихија однесе многу возила, а граѓаните останаа заглавени, во обид во текот на вечерниот шпиц да се вратат во своите куќи во овој најголем турски град.

Летовите на меѓународниот аеродром Ататурк се откажани, а не работи ни метро сообраќајот, рекоа официјалните лица за Дејли Сабах.

Во пристаништето Хајдарпаша се преврте голем кран, што доведе до експлозија и пожар кој потоа е угасен.

Трамвајскиот превоз во некои делови од Истанбул е исто така во прекин.

Две лица се повредени кога на улица полна со минувачи падна ѕид од едни стари гробишта.

Градските власти од претпазливост го затворија тунелот Евроазија која ги поврзува азиската и европската страна на Истанбул под Босфор.