Живот
25. September 2018 - 12:17

Страшно: Бик со запалени рогови уби човек

За време на фестивалот на кој се одржала манифестацијата „toro embolado“, карактеристична за регионот на Валенсија и Каталонија, на која бикот носи дрвени топки на роговите што горат и така трча по улиците , а минувачите се обидуваат да го избегнат, загина едно лице кое директно беше убиено од убод на бикот.

Бикот од улица на главниот плоштад пристигнал во 1.30 часот и удрил во човек, кој бил свртен со грбот и не забележал дека бикот пристигнал.

Го отфрлил кон заштитната ограда и човекот се запалил од огнот на роговите. Човекот бил префрлен во болница во градто Сагунто, каде им подлегнал на повредите.

Поради несреќата , фестивалот е прекинат и манифестациите поврзани со бикови , кои почнаа на 17 септември , се откажани.