Живот
16. August 2016 - 12:00

Страшно: Авион падна врз дрво, пилотот цела ноќ поминал заглавен во крошната

Пилот на суперлесно летало кое паднало на дрво во Германија, ја поминал ноќта во крошната чекајќи ги спасувачките служби, соопшти полицијата.

Полицијата во државата Баден-Вритемберг соопшти дека неидентификуван маж со авион паднал на околу 30 км. источно од Штутгард, пренесе АП.

Спасителите не успеаја да дојдат до него во текот на ноќта и планирале утрото да ја продолжат спасувачката акција.