Балкан
13. January 2018 - 18:47

Страшни обвинувања од Карлеуша: Брено, кумот на Цеца, Легија ти го грабна синот, а ти ја викаш во својот филм!

Јелена на Твитер упати сериозни тврдења против својата колешка, со која не е во добри односи веќе 20 години.

Јелена Карлеуша ја обвини Цеца Ражнатовиќ дека била во блиски односи со криминалците кои во 2000 година го киднапираа Стефан, синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.

Milorad Ulemek Legija

Документарниот филм „Године Слатког греха“ ги воодушеви сите почитувачи на најголемата ѕвезда на Балканот. Филмот и се допадна и на Карлеуша, но не и се допадна што во третото продолжение ја здогледала својата најголема ривалка Цеца. Поради тоа мораше веднаш да реагира и да напише свој коментар, во кој, како и секогаш, жестоко ја поткачи вдовицата на Аркан.

-Колку си ти Брено, толерантна жена! Кумот на Цеца, легија и нејзините најблиски пријателие „Шиптар и кланот“ ти киднапираат дете, а ти ја ставаш во документарец. На твое место, таа за мене би се појавила само во „Видимо се у читуљи“, брутална беше Јелена.

Медиумите ја повикаа Цеца, но таа не даде никаков коментар.

Ражнатовиќ никогаш не криеше дека беше блиска со Легија, како и дека ги познаваше припадниците на „земунскиот клан“.

-Легија ми е кум и од тоа не можам да се оречам. Бев и во „Шилерова“ на роденден на детето на Дуќа. На почетокот не знаев со што се занимаваат, ниту пред тоа имав слушнато за „Земунски клан“. Ми беа претставени како бизнисмени, но гајле ми е кој што работи, рече Цеца во едно интервју и додаде:

-Ми доаѓаа и кумот Легија и „земунците“, и кој ќе стигнеше. Таа 2003 година бев и во затвор под сомнение дека сум го помогнала убиството на Зоран Ѓинѓиќ. Па луѓе, дали сте вие нормални!? Па Жељко беше добар со Ѓинѓиќ, се познаваа, се бранеше пејачката.

Киднапирањето се уште нерешено

Во крајот на деведесетите и почетокот на 2000-тата година во Белград речиси секојдневно се случуваа киднапирања од богати и угледни луѓе за кои се барани големи суми пари, но единствен случај кој остана нерешен е киднапирањето на синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ. Инспекторите неколку пати ја почнуваа истрагата од почеток, зошто се случуваа пресврти кои ги насочуваа во нов правец, но факт е дека меѓу главните осомничени биле и припадниците на „земунскиот клан“. Поради недостаток на докази против нив никогаш не е водена постапка за да се докаже дека тие го организирале киднапирањето на Стефан Живојиновиќ.

Поради Брена Боба одби брак со американска милионерка

Боба Живојиновиќ одбил милионерка од Америка поради Лепа Брена.

Ќиро Блажевиќ открива во документарец дека Боба бил голем заводник.

-Ќерката на еден американски индустријалец се вљуби бо него, но тој не сакаше да биде со неа. Му збореа: „Држија ја неа, цела Југославија ќе живее од тоа“, но тој рече: „Јас одам кај мојата Брена“, рече Ќиро.

И Боба призна дека бил луд по Брена, а таа откри една анегдота:

-Се договоривме да се најдеме во Нови Сад. Тргнав да го гушнам, замислувам како скокам. И јас навистина скокам, но ние паѓаме и Боба ја повреди раката. Ми рече: „Оди бре жено, ама си тешка“.