Страшни бури ја тресат Европа: Торнадо, поплави, град...еве кои градови се најпогодени

Изминатите неколку дена цела Европа ја мачат многу високи температури, и како тоа да не е доволно, голем број земји претрпеа незапаметени бури и невреме.
Во Берлин е прогласена вонредна состојба откако пожарникарите примиле над 800 телефонски повици поради поплавени подруми и подземни гаражи.
Патиштата и куќите беа поплавени, а некое време не работеше ниту подземната железница, зошто метро станиците се наполниле со вода.
Капачите во италијанската провинција Кампања, над Тиренското море ги шокираше торнадо и тоа среде плажа.
Најголемо изненадување имаше во шпанскиот град Џирона каде падна град што луѓето мораа да го чистат со лопати.
Временските појави се менуваа една по друга, а се чини дека такво, нестабилно време ќе се задржи и во наредниот период.
Ново на Сител
-
Мицкоски позитивен на коронавирус
-
Ангелов: Иритира фактот дека вчера се протестираше против судски пресуди за убијци на 5 лица од кои 4 деца
-
АВМУ: Нападите врз новинарите се апсолутно неприфатливи
-
Претрес во Битола, запленет амфетамин, приведено едно лице
-
Владата најостро ги осуди нападите врз новинарите на протестот за случајот „Монструм“
-
344 санкции за неносење маска
-
Во Скопје санкционирани 64 возачи
-
Тедрос: Вакцини за БиХ штом ги исполнат условите на Фајзер