Свет
4. July 2017 - 21:54

Страшни бури ја тресат Европа: Торнадо, поплави, град...еве кои градови се најпогодени

Изминатите неколку дена цела Европа ја мачат многу високи температури, и како тоа да не е доволно, голем број земји претрпеа незапаметени бури и невреме.

Во Берлин е прогласена вонредна состојба откако пожарникарите примиле над 800 телефонски повици поради поплавени подруми и подземни гаражи.

Патиштата и куќите беа поплавени, а некое време не работеше ниту подземната железница, зошто метро станиците се наполниле со вода.

Капачите во италијанската провинција Кампања, над Тиренското море ги шокираше торнадо и тоа среде плажа.

Најголемо изненадување имаше во шпанскиот град Џирона каде падна град што луѓето мораа да го чистат со лопати.

View image on TwitterView image on Twitter
View image on TwitterView image on Twitter

 
Москва ја погоди незапамтено невреме, а ударите од ветрот достигнуваа 15- 20 метри во секунда.
 
Мрачните облаци се надвија над руската престолнина и сте изгледаше како во некој филм за крај на светот.
 

Временските појави се менуваа една по друга, а се чини дека такво, нестабилно време ќе се задржи и во наредниот период.