Свет
24. November 2017 - 8:39

Страшна железничка несреќа во Индија

Најмалку три лица загинаа, а 13 други се повредени денеска кога 11 вагони од композиција на експресен воз, излетаа од шините во северниот дел на Индија. 

Како што соопшти индиската полиција, несреќата се случила во близина на железничката станица во градот Маикпура во сојузната држава Утар Прадеш.

Според првичните резултати од истрагата, причини за излетувањето на возот е оштетување на шините на пругата. 

Возот патувал кон градот Патна во соседната сојузна држава Бихар.